Објавени нови доверливи информации од Барселона - овој пат за Ансу Фати!

Барселона има големи проблеми во последниот период затоа што доверливи информации се објавуваат по медиумите. „Ел Мундо“ објави детали од договорот на Лионел Меси вреден 555 милиони евра, а тоа предизвика бурни реакции.

Сега повторно се откриени доверливи информации, а овој пат за Ансу Фати, за кој е откриено дека имал уште една операција на коленото поради тоа што првата не минала најдобро.

Информацијата за тоа ја објави шпански „АС“, а денеска „ТВ3“ откри дека имало и втора операција и се разгледува можноста и за трета доколку не се одвива рехабилитацијата според планот.

Каталонските медиуми пишуваат дека постои „крт“ во екипата, кој ги открива овие детали, а раководството веќе работи на случајот и пронаоѓање на човекот кој ги објавува овие детали од екипата.