Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ постигна гол во триумфот на Интер против Фиорентина, со што „нераѕурите“ се искачија на првата позиција на табелата во Серија А.
Тимот на Антонио Конте го диктираше темпото во текот на целиот натпревар, а Перишиќ смета дека можеле да постигнат повеќе голови.
„Мислам дека одигравме добар меч. Создадовме многу шанси, а можевме и порано да го решиме натпреварот. Сепак, најважно е тоа што освоивме три бодови. Сега одиме по победа против Јувентус во Торино“, кажа Перишиќ пред реваншот во италијанскиот Куп.
Да потсетиме, првиот меч го доби Јувентус со 2-1 во Милано.