Артета на прес-конференција призна што му се случило и какви закани добил!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета на прес-конференцијата на новинарите им кажа дека добил закани по неговиот живот.

Артета зборуваше за мечот против Лидс на „Емирати“, но исто така откри дека тој и неговото семејство добиле закани.

„Клубот е запознан со инцидентот, се обидовме нешто да преземеме по тоа прашање, но очигледно мора да живееме со тоа“, кажа Артета.

Не сакаше да открива повеќе детали, но се претпоставува дека заканите пристигнале од навивачите кои не се задоволни со резултатите на „топчиите“ под негово водство.

Арсенал во моментов е на 11. место во Премиерлигата со 31 бод, што е навистина малку за амбициите на тимот и навивачите.