Модриќ ќе прифати помала плата за да остане во Реал Мадрид!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ има намера да прифати помала плата од Реал Мадрид за да остане во шпанскиот шампион.

Договорот на 35-годишниот Хрват завршува на лето, а Реал не сака да му ја продолжи соработката под истите услови, односно сакаат да му понудат договор со помала плата.

Модриќ е еден од најважните фудбалери во екипата на Зинедин Зидан и не сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, па поради тоа е подготвен да потпише нова соработка.

Хрватот заработува 12 милиони евра годишно со „кралевите“, а новиот договор не бил ниту блиску до оваа сума, но тоа не претставува проблем за Модриќ.

Модриќ го засили „кралскиот клуб“ во 2012 година и ги освои сите можни трофеи, а во 371 натпревар постигна 26 голови за Реал.