Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд е желба на многу тимови од европскиот врв, а неодамна интерес покажа и Реал Мадрид, па сега се појавија нови шпекулации.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал на лето ќе тргне по потписот на норвешката машина за голови и ќе потпише договор со него.
Дортмунд е во финансиска криза и ќе мора да продава фудбалери на лето, а дел од распродажбата ќе бидат и најголемите ѕвезди, меѓу кои се Халанд и Џејдон Санчо.
Заинтересираните клубови во 2022 година би можеле да ја активираат откупната клаузула на Халанд од 70 милиони евра, но Реал нема да чека толку многу, па ќе плати 90 милиони евра плус 20 за бонуси уште летово.