Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Килијан Мбапе нема да се фокусира да замине ова лето, но нема ниту да се согласи и да потпише нов договор, туку го чека летото 2022 година за да замине како слободен фудбалер.
Оваа вест пристигна пред мечот против Барселона, а Мбапе наводно не сака да прави проблеми со парижаните, кои на лето ќе бараат 150 милиони евра за неговиот потпис.
Мбапе смета дека пред него има цела кариера, па на 23 години ќе биде слободен да си ја избере следната дестинација и прво да се консултира со своите родители пред да го направи тоа.
Тоа пкоажува дека оваа одлука има врска и со финансиската криза во Реал Мадрид, кој нема пари ова лето да го купи. Мбапе го сакаат и Ливерпул и Манчестер јунајтед, но негова желба е потпис за „кралевите“.