Пандев: Не може аматери од ФФМ да ја водат лигата и да даваат пари за Трајко, Петко…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев повторно се јави и ја критикуваше работата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Пандев во интервју за „Дрнка.мк“ зборуваше дека тимовите мора да ја водат Првата лига, а не луѓе кои за фудбалерот се аматери од ФФМ.

„Клубовите решаваат секаде во светот, не може некои луѓе да даваат пари за да дојде Трајко, Петко или друг. Редно време е тимовите да ја преземат работата во свои раце и да ја водат македонската лига. Очигледно на некој му одговара како стојат работите, има загарантирано место во Европа. Секоја чест за репрезентацијата и условите, но во клупскиот фудбал редно време е за промени“, вели Пандев.

Цело интервју може да го прочитате на „Дрнка.мк“.