Касано без милост: Роналдо беше лош трансфер на Јувентус!

Кристијано Роналдо повторно беше нападнат од Антонио Касано преку медиумите откако тој реши да го критикува поради настапите на теренот.

Касано во претходниот период го критикуваше Роналдо многу често, а сега кажа дека неговиот трансфер во Јувентус е само големо промашување.

„Има уште една година од договорот и Јувентус го донесе за да ја освои Лигата на шампионите. Сепак, тие имаат најлоши резултати во ова натпреварување откако тој дојде. Ќе ги освоеја тие две титули во Серија А без него. Доаѓањето на Роналдо е големо промашување“, истакна Касано.

Јувентус во осминафиналето од ЛШ загуби во првиот меч од Порто со 1-2.