Лев ќе ги врати Хумелс и Милер за мечот против Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германските медиуми објавија дека селекторот на Германија, Јоаким Лев планира да ги врати Томас Милер и Матс Хумелс во репрезентацијата за мечот против Македонија во март.

Хумелс и Милер беа отпишани од репрезентацијата пред две години, но сепак проблемите со недостаток на искуството во репрезентацијата го направија своето и Лев реши да ги врати во екипата.

Лев е под голем притисок од страна на спортската јавност во Германија и доколку тие имаат лош настап на Европското првенство, тоа би значело и крај за селекторот.

Германија ќе се соочи против Македонија на 31 март во Дуизбург во квалификациите за Светското првенство.