Нејмар се враќа во акција за реваншот против Барселона?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


ПСЖ би можеле да добијат големо засилување во реваншот со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Бразилскиот репрезентативец е на рехабилитација по повредата, па се надева дека ќе може да заигра против неговиот поранешен клуб.

Нејмар се повреди во францускиот Куп на 11 февруари и од тогаш паузира надвор од терените, а вчера ги почна првите тренинзи со тимот.

Парижаните објавија дека се надеваат на негово враќање за реваншот со Барселона на 10 март, а во првиот меч францускиот шампион славеше со убедливи 4-1.