Ибрахимовиќ по пет години се враќа во репрезентацијата на Шведска


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во шведската репрезентација за натпреварите во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2022 година.

Медиумите пишуваат дека ветеранот наскоро ќе добие повик за настап во репрезентацијата, а тоа значи и негово враќање во дресот на Шведска по пауза од дури пет години.

Шведска месецов ќе треба да се соочи против Грузија, Косово и Естонија во квалификациите за СП во 2022 година.

Ибрахимовиќ последниот настап за Шведска го имаше дури на Европското првенство во 2016 година.