Неверојатни сцени: Халанд му се исмеваше на голманот на Севиља, па го бркаа по терен 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвежанецот Ерлинг Халанд постигна два гола против Севиља и беше најзаслужен што Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампиони.

Внимание привлече и неспортското однесување во 54. минута, кога постигна гол од пенал. Тој од втор обид го матираше Боно, а потоа се исмеваше со него, што ги изнервира ѕвездите на Севиља кои го бркаа по теренот.

Фудбалерот на Дортмунд поради оваа прослава доби жолт картон, а по мечот откри зошто така сакал да го слави голот.

„Промашив и Боно почна да ми се смее. Кога повторно шутирав и погодив, се изгуби неговата насмевка“, кажа Халанд.