Јувентус го продава Роналдо – ќе загуби 40 милиони евра: Три клуба со задоволство би го купиле!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо веќе трета сезона игра во Јувентус, а уште осум гола му недостигаат за да стигне до бројката од 100 погодоци во дресот на „Старата дама“.

Јувентус, сепак, не е задоволен од неговите настапи затоа што не им го донесе трофејот во Лигата на шампиони и сега планира да го продадат.

Роналдо има договор до 2022 година и ќе биде достапен по цена од 60 милиони евра, односно 40 помалку отколку што Јувентус го плати.

Проблем е големата плата на Португалецот, кој зема 54 милиони евра годишно, а наводно за него се заинтересирани ПСЖ, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.