Роналдо по три години се враќа во Реал Мадрид?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо го засили Јувентус во 2018 година за 100 милиони евра, а откако три години по ред не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампиони, тој е подготвен да се врати во шпанскиот клуб.

Огромната плата на Роналдо е проблем за „Старата дама“, кои ќе пробаат да се ослободат од Португалецот уште ова лето, а веќе почнаа шпекулациите за тоа каде би можел да замине.

Иако Роналдо се поврзуваше со многу тимови како што тоа се ПСЖ, Интер Мајами, сепак Флорентино Перез сакал да го врати Португалецот во „кралскиот клуб“.

Засега не се почнати официјални преговори меѓу двете страни, но такво нешто би можело да се очекува во следните месеци.