„Кога Гризман е на терен, Барселона игра исто како да има фудбалер помалку!“

Францускиот фудбалер Антоан Гризман не ги оправда очекувањата на навивачите откако пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид.

Гризман нема постигнато гол на последните 10 натпревари, а сега доби критики и од легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Стоичков често ги критикува фудбалерите кои не го покажуваат тоа што го очекува, па и сега го нападна Гризман.

„Кога е на теренот, Барселона е со играч помалку. Клубот мора да го продаде на лето ако сака успех на долгорочен план. Не знам ниту што прави Гризман таму. Тринкао и Брајтвајт мораат да бидат пред него“, порача Стоичков.