Лапорта не може да седи мирен – ги почнал преговорите за Халанд?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чудото од дете на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе биде еден од главните фудбалери во летниот преоден рок затоа што за него се заинтересирани многу гиганти.

Халанд игра одлично во дресот на „милионерите“ и сигурно ќе им донесе голем приход кога ќе го продаде бундеслигашот, зашто го купи за само 20 милиони евра.

Голем број тимови се поврзуваат со Норвежанецот, а Барселона е еден од фаворитите за неговиот потпис, но засега не се сигурни дека ќе може да го купат поради лошата финансиска состојба.

Каталонски „Спорт“ објави дека новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта го направил првиот чекор и му се јавил на агентот на Халанд, Мино Рајола, а детали од преговорите не се откриваат.