Српска манекенка добила понуда да спие со Ѓоковиќ!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатата манекенка Наталија Шчекиќ ги изненади сите во Србија откако ја отвори душата за магазинот „Свет“. Таа откри пеколен план на менаџери и соработници, кои се обиделе да ја натераат да спие со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за да го уништи неговиот брак со Јелена.

Планот бил Наталија да го привлече Ѓоковиќ, да ја сними аферата, а потоа истата да се појави во јавност и за тоа ќе заработела помеѓу 50.000 и 60.000 евра.

„Ми се јави човек од Белград, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, јас си помислив дека ме бара за сериозна работа, но тој ми кажа за целиот план. Ми изгледаше како шега, но не беше. Навистина имаа подготвен план за да му го уништиме бракот на Ѓоковиќ. Понудата беше од 50.000 до 60.000 евра плус патување од соништата по мој избор, но тоа ми беше навредливо. Јас не сум таква девојка…“, вели таа.