Паратичи откри дали Роналдо ќе остане во Јувентус


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Јувентус загуби во неделата од Беневенто со 0-1, а тоа на гостите им успеа со единствениот шут кон голот, по што веднаш почнаа шпекулациите за промена на тренерот Андреа Пирло.

Исто така, се споменуваше и реконструкција на тимот на лето, а дел од шпекулациите беа за Кристијано Роналдо, кој наводно ќе заминел од Јувентус.

Сепак, спортскиот директор Фабио Паратичи одговараше на прашањата дали поразот од Беневенто ќе влијае на иднината на Роналдо во клубот.

„Не. Го поддржуваме проектот кој го почнавме минатата сезона. Еден меч нема ништо да промени. Ќе го задржиме Кристијано Роналдо. Тој е најдобар фудбалер во светот“, кажа Паратичи.

Роналдо во Мадрид мина 10 години, а потоа реши да се пресели во Јувентус.