РФМ ги награди машката и женската репрезентација!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека репрезентативците во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди за остварените успеси.

Ракометарките ќе добијат премија од 10.000 евра затоа што го освоија првото место во претквалификациите, а сега им следи бараж против Романија и ако го поминат, тогаш ќе добијат дополнителни 50.000 евра.

Мажите имаат обезбеден пласман на Европското првенство во 2022 година, а ако го освојат првото место во групата, тогаш ќе добијат 40.000 евра, а доколку го освојат второто со 10 бода, тогаш ќе добијат 30.000 евра. Доколку имаат помалку од 10 бода, премијата ќе биде 20.000 евра.

Македонските ракометари претходно добија премија од 20.000 евра за триумфот против Данска, а сега им следат дуели против Финска на 28 април и Швајцарија на 2 мај.