Роналдо побара две засилувања од управата на Јувентус


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо има специјално барање до раководството на Јувентус за да бидат ангажирани две засилувања на лето.

Роналдо беше одличен во редовите на Реал Мадрид, каде што го предводеше нападот заедно со Карим Бензема, па поради тоа Португалецот бара некој сличен фудбалер со негови карактеристики.

Сепак, тоа не е единствено барање од страна на португалскиот фудбалер, кој побарал и плејмејкер, кој треба да му асистира за голови.

„Газета дело Спорт“ објави дека Роналдо по завршување на сезоната ќе разговара со управата на Јувентус за да се реши неговата иднина, иако неодамна Павел Недвед кажа дека Португалецот ќе остане во тимот.