Роналдо растажи момче кое помина 1.300 км поради него!

Фудбалерите на Португалија во четвртокот стигнаа во Белград, каде што во сабота ги очекува меч против Србија од 20.45 часот во второто квалификациско коло за Мундијалот.

Роналдо и Португалците на аеродромот беа пречекани од новинарите, но и одреден број на навивачи, меѓу кои и едно момче со транспарент.

„Кристијано, поминав 1.300 км за да го добијам твојот автограм. Борис“, пишуваше на транспарентот во рацете на момчето.

Роналдо не реагираше на ова и само мина покрја нив, а притоа со соиграчите влезе во автобус без да се поздрави со навивачите.

Натпреварот се игра в сабота од 20.45 часот, а двете селекции победија во првото коло.