Реал Мадрид ќе купи еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе биде активен летово на трансфер маркетот, а досега се поврзуваше со многу екипи, меѓу кои се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Шпанските медиуми пишуваат дека друг фудбалер е главна желба на претседателот Флорентино Перез, а тоа е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Перез смета дека Халанд и Мбапе се одлични фудбалери, но во моментов чинат премногу и поради тоа Кејн го смета како подобра опција во моментов.

Англиските медиуми претходно објавија дека Кејн ќе си замине од Тотенхем, зашто не е задоволен со резултатите и со тоа што најверојатно следната сезона нема да играат во Лигата на шампиони.