Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Загреб, Аријан Адеми вчера кажа како се чувства по победата на Македонија против Германија (2-1).
Адеми вели дека ваков успех ќе ѝ помогне на Македонија да ѝ биде полесно на Европското првенство (ЕП) на кое ќе настапиме за првпат ова лето.
„Голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и заслужено победивме. Кога во нешто веруваш, тогаш можеш и да го оствариш. Имаме одлична генерација. Свесни сме за нашиот квалитет и тоа е најважно за нас. За нас беше значајно да им покажеме на сите дека може да победуваме и против големи репрезентации. Мислам дека сега ќе ни биде полесно против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство“, вели Адеми.
Адеми исто така смета дека требало да освојат барем бод против Романија.
„Штета што не минавме подобро во Романија. Со барем еден бод од оваа средба ќе бевме во многу подобра ситуација во квалификациите за СП 2022. Но добро е и вака, нашата цел беше второто место во групата, да избориме место во баражот. Амбициите постојано растат, сега гледаме колку вредиме. За време на мечот добив силен удар од Ридигер. По мечот видов дека имам околу 14 расекотини на ногата. Но, тоа не е некоја повреда поради која треба да паузирам. Ќе биде се во ред, спремен сум за нови предизвици“, додаде Адеми.