Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само неколку часа откако шпанските медиуми објавија дека Нејмар има желба да се врати во Барселона, француски „Л’Екип“ демантираше и порача дека Бразилецот се договорил со ПСЖ.
Нејмар наводно си договорил нова соработка до 2026 година и ќе заработува иста плата како и претходно, односно 36 милиони евра по сезона.
Неговиот договор завршува во јуни 2022 година, а Нејмар знае дека ниту еден друг клуб нема да му ги понуди истите услови кои ќе ги добие од страна на парижаните.
Се очекува деталите од договорот наскоро да бидат средени, а потоа Нејмар ќе добие бонус од 10 милиони евра само за потпис на нова соработка со тимот.