Трагедија во Хрватска: Фудбалер се онесвести на меч, па почина во болница!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На натпреварот меѓу Оток и Раднички почина 24-годишниот Дејан Оршуш, член на домашниот тим, кој се онесвести за време на мечот.

Момчето веднаш било пренесено во болница, каде што починало од срцев удар.

„Во голема жалост сме што мора да објавиме дека Дејан Оршуш почина, откако се онесвести на вчерашниот меч. Со брза реакција на соиграчите и играчите на Раднички успеавме да го спасиме, а многу брзо стигна и медицинскиот персонал кој се обиде да го оживее. Момчето почина во болница како последица од срцев удар. Тоа беше момче за шега, талент и голем играч, а уште поголем пријател“, соопштија од неговиот тим.

[Posljednji pozdrav] našem uvijek vedrom i nasmijanom Dejanu, hvala ti za sve lijepe zajedničke trenutke koje si proveo…

Posted by Nk "Otok" Otok on Monday, April 12, 2021