„Тутоспорт“: Роналдо ќе си замине ако Јувентус не се избори за ЛШ


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иднината на Кристијано Роналдо во Јувентус не е безбедна, а за тоа зборуваат и шпекулациите од претходните денови.

Јувентус има очајна сезона, па би можеле да се случат многу промени во тимот на лето, а дури се споменува и дека клубот би можел да го продаде Роналдо.

Португалецот разгледува можност за да замине, а „Тутоспорт“ пишува дека тоа ќе се случи само ако Јувентус не избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Јувентус има девет титули по ред во Серија А, но сезонава се бори за топ-4 позициите во калчолигата и е далеку од лидерот Интер.

Исто така, „Старата дама“ испадна и од борбата за титулата во ЛШ.