Варан ги пакува куферите и заминува од Реал Мадрид


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Рафаел Варан најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед.

Варад има договор со „кралевите“ до 2022 година, а доколку не потпише нова соработка, тогаш на лето ќе мора да биде продаде.

Најголем интерес за неговите услуги покажаа „црвените ѓаволи“, кои наводно подготвиле понуда од 60 милиони евра, која би требало да ги задоволи апетитите на Реал.

„Дејли Мејл“ објави дека Јунајтед ќе се потруди да го добие потписот на Варан, затоа што тренерот Оле Гунар Солскјер бара партнер во одбраната за Мегваер, а Французинот изгледа како идеална опција.