„И јас бев себичен, но за разлика од Роналдо, останував на теренот да се радувам на победата!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо би можел на крајот на сезоната да го напушти Јувентус. Португалецот, наводно, не е задоволен и често го покажува својот гнев и нервоза.

Италијанските медиуми пишуваат дека Португалецот би можел да купи билет во еден правец, но за тоа е уште рано, додека Лука Тони го коментираше однесувањето на Роналдо.

„Постигнува многу голови и значи за тимот, но не сум импресиониран со неговиот став кон соиграчите. Бев себичен, но секогаш останував на теренот да славам кога ќе победиме, а нема да постигнам гол. Разочаран сум од Роналдо“, вели Тони.

„Тутоспорт“ неодамна објави дека Роналдо би можел да замине од клубот, но само ако Јувентус не избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).