Ѕвездите на Реал Мадрид покажаа уште еднаш како се сака тимот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се откажаа од бонусите кои им се загарантирани со евентуално освојување на шампионската титула во Ла Лига или во Лигата на шампиони, па така ќе му заштедат на тимот 30 милиони евра.

Ова не е првпат да се откажат од бонуси, затоа што ѕвездите на Реал истото го направија и минатата сезона, кога му помогнаа на клубот да заштеди 70 милиони евра.

Фудбалерите покажаа како се почитува нивниот клуб во време на пандемија кога приходите се послаби од вообичаено и покажаа дека им е важно што го носат „кралскиот“ дрес.

„Кралевите“ сезонава имаат шанса да освојат два трофеи, и тоа во Ла Лига, како и во ЛШ. Во моментов се на втора позиција во шпанското првенство со еден бод помалку од лидерот Атлетико Мадрид, а во ЛШ играат против Челси во полуфинале.