Згодната Дилета скокна во креветот на еден од газдите на Рома?

Италијанските медиуми пишуваат дека згодната водителка на „ДАЗН“, Дилета Леота почнала љубовна врска со потпретседателот на Рома, Рајан Фридкин, кој е син на газдата на клубот.

Дилета неодамна беше во врска со турски актер, со кој наводно требаше и да се венча, но нивната љубов згасна затоа што тој бил љубоморен поради провокативните слики кои ги објавуваше водителката на социјалните мрежи.

Згодната водителка не тагуваше долго и сега е забележана со Фридкин во луксузни хотели во Рим, па тоа беше доволен повод за да почнат шпекулациите за љубовна врска меѓу нив.

Фридкин е син на газдата на Рома, американскиот милијардер Ден Фридкин, кој за помалку од 600 милиони евра го купи клубот минатото лето.