Челси ќе продаде 12 фудбалери за да го купи Халанд?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Челси планира да го ангажира Ерлинг Халанд на лето, но свесни се дека тоа нема да биде лесно. Норвежанецот го бараат многу гиганти, а лондонскиот тим има план да продаде 12 фудбалери за да собере 200 милиони фунти.

Премиерлигашот следната сезона сака да има подобар напаѓач од Тимо Вернер, кој сезонава постигна 11 голови, но има и голем број промашувања.

Челси ја следи ситуацијата и со Роберт Левандовски и Ромелу Лукаку, но ниту тие нема да бидат чинат помалку, па поради тоа премиерлигашот ќе продава нивни фудбалери.

Тами Абрахам е на листата за продажба за 40 милиони фунти, а освен него ќе се продаваат и Курт Зума, Фикајо Томори, Миши Батшуаи и Давиде Ѕапакоста за сума од 200 милиони фунти.

Халанд сезонава постигна 37 голови и 11 асистенции на 38 меча, а има договор со „милионерите“ до 2024 година.