Како изгледаат премиите на Абрамович? Доказ дека сака Челси да ја освои ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси ќе има можност да се бори за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ) откако во полуфиналето го елиминираше Реал Мадрид.

Томас Тухел го препороди тимот на Челси, па сега ќе се обиде да ја освои ЛШ, но нема да биде лесно бидејќи за ривал го има Манчестер сити.

Челси претходно ќе игра и против Лестер во ФА купот, а ако ги освои двата трофеи, тогаш газдата на клубот ќе им даде големи бонуси на фудбалерите.

Роман Абрамович подготвил бонуси од 11 милиони фунти за фудбалерите, кои заработија веќе пет милиони евра со победата против Реал, а уште пет ќе добијат за освојување на трофејот плус уште еден за ФА купот.

Бонусот ќе се распредели рамномерно на сите фудбалери, па така тие ќе имаат дополнителен мотив за освојување на ЛШ.

Треба да се спомене дека победникот на ЛШ ќе добие 100 милиони евра од ТВ-правата.