Агуеро се посрамоти како никогаш досега, па им се извинуваше на навивачите 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Рамос имаше можност да постигне гол за 2-0 против Челси, но неговата грешка на крајот скапо ги чинеше „граѓаните“.

Искусниот Аргентинец се обиде да постигне гол против Едуард Менди со „паненка“ и се посрамоти како никогаш досега.

Агуеро поради неговиот потег мораше да им се извини на навивачите на Сити, а тоа го направи на Твитер.

„Сакам да им се извинам на соиграчите, стручниот штаб и навивачите поради промашениот пенал. Тоа беше лоша одлука и ја преземам одговорноста“, напиша Агуеро.

Аргентинецот има договор до крајот на сезоната и по девет сезони го напушта Манчестер сити, а засега Барселона се споменува како најсериозен кандидат за неговиот потпис.