Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственикот на фудбалските клубови Лацио и Салернитана, Клаудио Лотито доби рок од еден месец да го продаде својот капитал во екипата на Салернитана, поради правилата дека еден човек не може да има два тима во Серија А.
Салернитана обезбеди учество во Серија А за следната сезона, а тоа ќе биде нивно прво учество уште од сезоната 1998/99.
„Тоа е правило во рамки на ФИФА, која не дозволува еден човек да има повеќе од два тима на професионално ниво. Правилата се јасни, неговото сопствеништво не може да продолжи, а ако продолжи, тогаш Салернитана нема да игра следната сезона во Серија А“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина.