Агуеро прифати помала плата за да потпише со тимот од неговите соништа


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро е блиску до потпис на договор со Барселона, а информацијата ја пренесе каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“.

Веќе со месеци се шпекулира како 33-годишниот напаѓач и пријател на Меси од лето ќе стане нов игра на Барселона, а преговорите се во завршна фаза.

Агуеро на крајот на сезонава останува без договор со Манчестер сити, па на „Камп ноу“ би пристигнал како слободен фудбалер.

Агуеро сезонава одигра само 11 натпревари во Премиерлигата поради проблеми со повреда, а во Барселона веруваат дека за нив ќе биде големо засилување.

Агуеро во Сити заработува околу 12 милиони евра, но наводно се согласил за помала плата затоа што Барселона не може да му понуди толку голема плата.