Барселона подготвува револуција во екипата – дури 14 фудбалери ќе се продаваат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона планира целосен ремонт на екипата, а претседателот Жоан Лапорта веќе направил листа со желби.

Лапорта планира да продаде 14 фудбалери, а примарна цел е да го убеди Лионел Меси да потпише нов договор, зашто Аргентинецот има соработка која му важи до летово.

Иако ќе се продаваат 14 фудбалери, Барселона објави само имиња на седумина, а тоа се Пјаниќ, Нето, Умтити, Фирпо, Фернандез, Кутињо и Брајтвајт.

Се шпекулира дека до четири нови фудбалери се очекува да пристигнат во Каталонија, а еден од нив е Ерик Гарсија, додека меѓу останатите се споменуваат Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Жоржињо Вајналдум.

На две кола пред крајот, лидер е Атлетико Мадрид со 80 бодови, Реал Мадрид има 78, а Барселона 76 бодови.