Познати се сите детали од договорот меѓу Барселона и Агуеро


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ќе стане нов фудбалер на Барселона. Искусниот играч договорил соработка со каталонскиот тим, а познати се и сите детали од нивните разговори.

Каталонските медиуми тврдат дека Агуеро ќе потпише двегодишен договор со Барселона, а платата ќе му биде пет милиони евра по сезона.

Агуеро морал да прифати помала плата од таа што ја имаше во Манчестер сити и таа е за дури седум милиони помала, но парите не му претставуваат проблем.

Претставувањето на аргентинскиот напаѓач на „Камп ноу“ ќе следи веднаш по финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во кое Агуеро со Манчестер сити ќе се обиде да го освои трофејот.

Аргентинецот е член на „граѓаните“ веќе 10 години, а стигна во 2011 година од Атлетико Мадрид и стана легенда на тимот.