Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„ЕСПН“ објави дека Лионел Меси конечно донел одлука за неговата иднина бидејќи неговиот договор завршува за осум дена.
Меси минатото лето сакаше да си замине од Барселона, но поранешниот претседател Хозе Марија Бартомеу не му дозволи.
Бартомеу си замина пред неколку месеци, а на негово место пристигна Жоан Лапорта, кој реши да почне нови преговори со Меси и да го убеди да остане.
Меси е задоволен и му верува на Лапорта, кој вети дека ќе изгради шампионски тим, кој следната сезона ќе ги нападне сите трофеи.
Во договорот на Меси треба да постои и клаузула според која Аргентинецот може да замине во САД, но и да се врати во Барселона како дел од раководството.