Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Барселона во новата сезона ќе влезе со неколку нови квалитетни фудбалери. Иако гигантот од „Камп ноу“ се наоѓа во лоша финансиска состојба, сепак договорил пет засилувања.
Веста ја објави новинарот Фабрицио Романо, па само се очекува официјална потврда од клубот во следниот период.
Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија, Жоржињо Вајналдум и Емерсон Ројал ќе станат нови засилувања на Барселона.
Тоа што е најважно за претседателот Жоан Лапорта е што од сите засилувања, ќе плати само за Емерсон, кој ќе ја чини Барселона околу 10 милиони евра.
Останатите ѕвезди доаѓаат бесплатно и сигурно ќе ѝ помогнат на Барселона во борбата за трофеи.