Гвардиола троши 300 милиони евра за да доминира со Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола заедно со Манчестер сити може да освои уште еден голем трофеј, а тоа е Лигата на шампиони, каде што во финалето ќе се соочи против Челси.

Гвардиола планира неколку засилувања ова лето, а како прво се споменува Џек Грилиш за 100 милиони евра, додека најголемото засилување треба да биде Хари Кејн.

За Кејн се планира понуда од 150 милиони евра плус Габриел Жесус, а не е тајна и дека напаѓачот на Тотенхем сака да си замине од Лондон.

Одличниот португалски бек Нуно Мендеш е трето потенцијално засилување кое се споменува. Тој игра за Спортинг и би чинел меѓу 50 и 60 милиони евра, што значи дека „граѓаните“ ќе мора да платат околу 300 милиони евра за сите трансфери.