Наумоски за мечот со Австрија: И Германија беше фаворит, па загуби од Македонија!

Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски во интервју за „ВелтФусбал“ зборуваше за дебито на Македонија на Европското првенство (ЕП).

Бившиот напаѓач на Матерсбург кажа дека Австрија е фаворит против Македонија, но и Германија беше во слична позиција, па загуби на домашен терен од македонските фудбалери.

„Австрија е фаворит во мечот со Македонија, но и Германија беше, па на крајот загуби. Македонија досега загуби двапати од Австрија. Пред дуелот сум поделен. Пораснав во Австрија, но имам потекло од Македонија и ги сакам двете држави. Играв за Македонија и сакам да победи, иако реми би било добро за сите“, вели Наумоски.