Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска славеше со 3-1 против Шкотска и така заврши втора во својата група, а со тоа обезбеди осминафинале на Европското првенство (ЕП).
Натпреварот во Глазгов го одбележа и фантастичниот гол на Лука Модриќ на средината на вториот дел, кој ги донесе Хрватите во предност од 2-1.
Модриќ со неговиот гол стана најстариот стрелец во историјата на Хрватска на ЕП, а од претходно имаше и рекорд за најмлад, па тоа е ншто што тешко дека некој ќе го урне.
Хрватот на отворањето на ЕП во 2008 година во Австрија и Швајцарија го постигна единствениот гол во победата против Австрија од 1-0, а тоа му успеа на 22 години и 273 дена.
Сега против Шкотска постигна гол на 35 години и 286 дена, па заслужено го има и вториот рекорд.
„Овој гол ми значи многу, а нашата игра е одлична. Среќен сум што мојот гол помогна, но најважна е победата“, кажа Модриќ.