Роналдо и неговите 109 голови: На листата ги има Франција, Белгија, Данска, Русија, Шпанија…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо со два гола за Португалија ѝ донесе бод против Франција (2-2) во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Напаѓачот на Јувентус постигна пет голови досега на турнирот, а шанса да го зголеми тој број ќе има в понеделник на дуелот против Белгија во осминафиналето.

Роналдо стигна до бројката од 109 голови и така го израмни рекордот на Али Даеи и не планира тука да застане. Португалецот има многу жртви, а најмногу страдаа Шведска и Литванија, против кои постигна по седум голови.

Ѕвездата на Јувентус беше расположена и против Андора со шест голови, а по пет им даде на Луксембург, Летонија и Ерменија, додека по четири на Естонија, Фарски Острови, Унгарија и Холандија.

По три им постигна на Белгија, Данска, Северна Ирска, Русија, Шпанија, Швајцарија…