Перез не се откажува: Суперлигата ќе почне, проектот уште живее!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува од идејата за создавање на европска Суперлига, иако тоа предизвика револт кај фудбалерите, навивачите, медиумите, Европската фудбалска унија (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Дури 12 тимови потпишаа договор дека ќе влезат во европска Суперлига, но по притисока од јавноста голем дел од нив се откажаа, иако Перез вели дека тоа не мора ништо да значи.

Во Англија приказните за Суперлига повеќе не постојат, но во Шпанија пристигнуваат предупредувања дека проекетот живее, а за тоа зборуваше и првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, по што сега му се приклучи претседателот на Реал Мадрид.

„Направивме договор со сите 12 тимови и никој не може да замине. Суперлигата ќе продолжи. Ништо не пропадна. Две години работиме на проектот. Кога излеговме со планот, УЕФА ни се закани и англиските тимови се откажаа. Ја чекаме конечната одлука на Судот во Луксембург. Суперлигата живее, баравме да се повлечат сите ограничувања за Англичаните“, вели Перез.