Мбапе никогаш не бил полош: Имал 14 удари, но ниту еден гол!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот фудаблер Килијан Мбапе ќе сака да го заборави што е можно побрзо настапот на Европското првенство (ЕП) посебно откако вчера промаши пенал против Швајцарија.

Мбапе не може да се пофали со добри настапи на ЕП бидејќи неговата статистика е очајна на големиот турнир.

Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ постигна 27 голови во Лига 1 минатата сезона, но на ЕП играше во непрепознатливо издание бидејќи не успеа да постигне ниту еден погодок.

Според статистичарите, Мбапе имал 14 удари кон противничкиот гол, и тоа повеќе од било кој друг фудбалер на ЕП, но трагично е тоа што не постигна ниту еден погодок за Франција.