Дамите на Каменица Саса ќе играат против Јувентус

Македонскиот шампион во женски фудбал, Каменица Саса ги дозна противниците во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Каменица Саса ќе игра против Јувентус, Сент Полен и Бешикташ, а квалификациите се во систем во кој се игра полуфинале, па финале, а вечерва ќе биде објавен и организаторот на турнирот.