Пожар во Барселона: Не можат да регистрираат нови засилувања, Меси ни на небо, ни на земја!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта се труди да го спаси типот од целосен распад и проблеми кои ги создаде претходната управа на гигантот, меѓутоа неговата мисија ќе биде ептен тешка. Покрај тоа што клубот регистрираше долг од повеќе од милијарда евра, секој ден се појавува нов проблем.

Најновиот доаѓа од канцеларијата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, па сега Барселона мора да ги намали трошоците. Информацијата дека сумата од 347 милиони евра, колку што потрошија на плати, мора да биде намалена на пола сериозно го загрижи Лапорта.

Барселона веќе се раздели од неколку фудбалери, но нивното заминување не ја поправи ситуацијата. Каталонците и понатаму го пробиваат лимитот за плати. Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Емерсон станаа фудбалери на тимот, но нема да играат ако не се расчисти долгот.

Клубот веќе го понуди Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити, а можеби ќе ги пушти и како слободни фудбалери. Очекувано, тие двајца се задоволни со големите плати, па не сакаат да заминат, па Лапорта мора да бара решение и за Филипе Кутињо, но и за други фудбалери.

Исто така, ситуацијата со Лионел Меси засега е загрижувачка за Лапорта бидејќи се договори со Аргентинецот за нов договор, но нема да може да го потпишат додека не се среди ситуацијата.