Бензема „преговара“ со Мбапе на Миконос за трансфер во Реал Мадрид 📸


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Франција рано го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), каде што не се прослави, па фудбалерите заминаа на заслужен одмор по напорната сезона со нивните клубови.

Карим Бензема конечно се врати во француската репрезентација, а времето го искористи за да стане близок пријател со Килијан Мбапе, кој е главна желба на Реал Мадрид ова лето.

Шпанските медиуми објавија дека Бензема ужива на одмор со Мбапе на Миконос, но времето го користел и за да „преговара“ со помладиот сонародник за трансфер во Шпанија.

Мбапе има договор до крајот на следната сезона со ПСЖ, а неговата желба е јасна и се очекува во иднина да го облече дресот на „кралевите“, иако парижаните се обидуваат да ја продолжат неговата соработка.