Британската влада им забрани на Италијанците влез на финале на ЕП


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во финалето во Лондон на 11 јули ќе се одигра финалето на Европското првенство (ЕП), а два дена претходно стана бурно во Европа.

Британскиот министер Грант Шапс кажа дека навивачите на Италија не смеат да влезат во Лондон поради безбедносни причини.

„Тешко е да се организираат групи кои доаѓаат на еден или два дена. Тоа се многу летови, тешко е да се контролираат сите, посебно во време на пандемија. Навивачите кои ќе тргнат на ризик, веднаш ќе бидат вратени од аеродром и нема повеќе дилема“, вели министерот.

Италија од трибини ќе можат во недела да ја поддржат само навивачи кои имаат продолжен престој во Лондон.