Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони потврди дека Лионел Меси играл повреден во финалето на Копа Америка против Бразил.
Меси во полуфиналето против Колумбија заработи тежок удар, но повреден играше во мечот, кој „гаучосите“ го добија на пенали, а имаше болки и на вчерашниот против Бразил.
„Да знаете на каков начин играше Меси во Копа Америка, ќе го почитувате уште повеќе. Никогаш нема да пронајдете фудбалер како него, дури и кога има повреда, како во овој, така и во претходниот меч“, вели Скалони.
Меси конечно го освои трофејот во дресот на Аргентина, иако и во минатото имаше шанси, но не ги искористи.
„На крајот не го фрли пешкирот и успеа во намерата. Зборуваме за најдобриот фудбалер во историјата и сите знаат колку му беше важно да освои трофеј со Аргентина“, кажа аргентинскиот селектор.